Toše Proeski Radio & TV

RADIO WITH LOVE WITHOUT BORDERS! - IN MEMORY OF TOSE PROESKI! DOBRODOSLI NA LIVE CHAT ,RADIO & TV POSVECEN TOSI PROESKOM. INFO NA http:tosefanradio.forums.fm * contact us : tosefanradio@yahoo.com
 
HomeCalendarFAQRegisterLog in
Visit *** https://www.facebook.com/tosefanradio / *** IN MEMORIAM TOSE FAN .RADIO & TV ***
FACEBOOK > JOIN US <
December 2016
MonTueWedThuFriSatSun
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031 
CalendarCalendar
KONTAKT
tosefanforum@yahoo.com skype : tosefanradio
Most Viewed Topics
Невкусна шега на сметка на Тоше Проески!
Зоран Божиновски: Тоше Проески е жив
Тоше има двојник во Србија
TOŠE PROESKI NEVIĐENO
Zoran Božinovski tvrdi - VATIKAN SKLONIO TOŠETA!
Смртта на Тоше неслучајна и искористена за политички потреби во Македонија!?
Memorial House Todor Proeski
Вистината за Тоше: Интервју со Божиновски
"Toše Proeski, žrtva kriminalnih klanova. . ."
Зошто пропаѓа гробот на Тоше Проески?
Most active topics
Sve što bi željeli reći Toši / o Toši i slično
PORUKE U GLAZBI - Toše Proeski - Igra bez granica
Смртта на Тоше неслучајна и искористена за политички потреби во Македонија!?
Tony prijatelju Toši posvetio ukradenu pjesmu??
DIONICA SMRTI
Туарегот на Тоше ставен под преса за гмечење (19.01.2008)
VOZAČ I PRIJATELJ TOŠE PROESKOG PRAVOMOĆNO U MAKEDONIJI OSUĐEN NA DVIJE GODINE ZATVORA
Teorija zavjere: Izmislili su da su Tošu Proeskog ubili
Dokumentacija
Za smrt Toše Proeskog kriva nepažnja vozača
Statistics
We have 114 registered users
The newest registered user is amanda202

Our users have posted a total of 423 messages in 372 subjects
Social bookmarking
Social bookmarking Digg  Social bookmarking Delicious  Social bookmarking Reddit  Social bookmarking Stumbleupon  Social bookmarking Slashdot  Social bookmarking Furl  Social bookmarking Yahoo  Social bookmarking Google  Social bookmarking Blinklist  Social bookmarking Blogmarks  Social bookmarking Technorati  

Bookmark and share the address of Tose Fan Radio on your social bookmarking website

Bookmark and share the address of Toše Proeski Radio & TV on your social bookmarking website

Share | 
 

 Гладни сме за музиката и насмевката на Тоше

View previous topic View next topic Go down 
AuthorMessage
Tose Fan Radio
Admin
Admin


Posts : 439
Join date : 2010-08-17

PostSubject: Гладни сме за музиката и насмевката на Тоше   Fri Oct 14, 2011 9:26 pm

ВЕЌЕ ЧЕТИРИ ГОДИНИ ОКТОМВРИ Е МЕСЕЦ НА ТАГАТА

Гладни сме за музиката и насмевката на Тоше


Утре се навршуваат четири години од мигот кога од Хрватска стигна кобната вест дека миленикот на нацијата Тоше Проески не напушти засекогаш и замина во вечноста, по стравичната сообраќајна несреќа. Од она тажно магливо октомвриско утро, кога на 16 октомври 2007 година на автопатот Нова Градишка - Загреб, на 26 години згасна неговиот живот до ден-денеска нема утеха. Можеби единствена мала по огромната загуба се неговите безвременски песни. Публиката, која со години и беше верна на најголемата македонска ѕвезда, ги одбележува сите позначајни датуми од неговиот живот. На сите собири во негова чест солзите се јазик за болката. Се е болно и тажно без момчето со ангелски глас, но сите што го сакаа доаѓаат да ја продолжат неговата мисија - да шират љубов, да си подадат рака и да се сакаат. Токму така ги учеше и нивниот идол.

Болката, тагата, неверувањето и денеска не стивнуваат. Се уште се присутни и подеднакво силни како и на денот кога Македонија и целиот Балкан ја слушна страшната вест. Семејството Проески ја изгуби својата втора рожба, но милионската публика го изгуби својот херој. Тука не важи онаа дека времето ги лекува раните. Никогаш нема да се залечат. Се уште сонуваме дека сме заедно, но остана само споменот за момчето со ангелски глас и срце кое имаше неизмерна љубов за сите. Ги сакаше сите, но и сите го сакаа него.



Неговата скромност, чесност, искреност беа само дел од карактеристиките кои го правеа голем човек и верник. Не знаеше за суета, завист, подлост, лицемерие. Беше пример како треба да се однесува и постапува секој млад човек. Живееше без пороци, оддаден на музиката, верата и семејството. Но судбината си поигра со него и кобно беше прекинат неговиот животен пат во зенитот на славата. За кусо време успеа да направи Балканска слава и токму кога на дофат му беше светот, згасна се... Иако зад себе остави кариера, која уште за 100 години на ниту еден пејач од овие простори нема да му тргне од рака да ја направи.

Ќе поминат години и години, но тагата, се чини, дека уште долго ќе остане недопрена затоа што и новите генерации и оние кои допрва ќе доаѓаат ќе растат со музиката на Тоше. Таа нема граници, туку само безвременска вредност.

Неа не и можат ништо ни забот на времето ни пејачите кои доаѓаат.

Тоше беше и остана еден и единствен. Затоа, можеби и не случајно, домашната музика многумина ја делат на два периода - оној на Тоше и оној по него. По момчето од Крушево кое секогаш остана доследно на корените, кое беше најголемиот и најдостојниот македонски амбасадор... Со ненаметливоста, со невините детски очи и ангелскиот глас и реченицата "Сите ве сакам!" успеа да го стави на колена целиот Балкан, иако летот кон светот беше прекинат, а неговиот живот токму како во судбинската "Игри без граници" со уште многу страници, празни, неиспишани...
Back to top Go down
http://tosefanradio.forums.fm
 
Гладни сме за музиката и насмевката на Тоше
View previous topic View next topic Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Toše Proeski Radio & TV :: News Flash/Vijesti-
Jump to: