Toše Proeski Radio & TV

RADIO WITH LOVE WITHOUT BORDERS! - IN MEMORY OF TOSE PROESKI! DOBRODOSLI NA LIVE CHAT ,RADIO & TV POSVECEN TOSI PROESKOM. INFO NA http:tosefanradio.forums.fm * contact us : tosefanradio@yahoo.com
 
HomeCalendarFAQRegisterLog in
Visit *** https://www.facebook.com/tosefanradio / *** IN MEMORIAM TOSE FAN .RADIO & TV ***
FACEBOOK > JOIN US <
December 2016
MonTueWedThuFriSatSun
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031 
CalendarCalendar
KONTAKT
tosefanforum@yahoo.com skype : tosefanradio
Most Viewed Topics
Невкусна шега на сметка на Тоше Проески!
Зоран Божиновски: Тоше Проески е жив
Тоше има двојник во Србија
TOŠE PROESKI NEVIĐENO
Zoran Božinovski tvrdi - VATIKAN SKLONIO TOŠETA!
Смртта на Тоше неслучајна и искористена за политички потреби во Македонија!?
Memorial House Todor Proeski
Вистината за Тоше: Интервју со Божиновски
"Toše Proeski, žrtva kriminalnih klanova. . ."
Зошто пропаѓа гробот на Тоше Проески?
Most active topics
Sve što bi željeli reći Toši / o Toši i slično
PORUKE U GLAZBI - Toše Proeski - Igra bez granica
Смртта на Тоше неслучајна и искористена за политички потреби во Македонија!?
Tony prijatelju Toši posvetio ukradenu pjesmu??
DIONICA SMRTI
Туарегот на Тоше ставен под преса за гмечење (19.01.2008)
VOZAČ I PRIJATELJ TOŠE PROESKOG PRAVOMOĆNO U MAKEDONIJI OSUĐEN NA DVIJE GODINE ZATVORA
Teorija zavjere: Izmislili su da su Tošu Proeskog ubili
Dokumentacija
Za smrt Toše Proeskog kriva nepažnja vozača
Statistics
We have 114 registered users
The newest registered user is amanda202

Our users have posted a total of 423 messages in 372 subjects
Social bookmarking
Social bookmarking Digg  Social bookmarking Delicious  Social bookmarking Reddit  Social bookmarking Stumbleupon  Social bookmarking Slashdot  Social bookmarking Furl  Social bookmarking Yahoo  Social bookmarking Google  Social bookmarking Blinklist  Social bookmarking Blogmarks  Social bookmarking Technorati  

Bookmark and share the address of Tose Fan Radio on your social bookmarking website

Bookmark and share the address of Toše Proeski Radio & TV on your social bookmarking website

Share | 
 

 Тоше сé уште идол во Хрватска

View previous topic View next topic Go down 
AuthorMessage
Tose Fan Radio
Admin
Admin


Posts : 439
Join date : 2010-08-17

PostSubject: Тоше сé уште идол во Хрватска   Wed Oct 12, 2011 8:20 am

Четвртата годишнина од смртта на Тоше со низа активности ќе биде одбележана во Хрватска. Иако времето одминува, Тоше и натаму останува во сеќавањето на многубројните хрватски обожаватели, кои со солзи во очите се присетуваат на стравичната несреќа, а неговите песни сé уште се вртат по радиостаниците и не го изгубиле интересот кај слушателите



Крај спомен-обележјето на Тоше, концерт ќе одржат „Леб и сол“, Ламбе Алабаковски и хрватската група „Русвај“

И Хрватска со должна почит кон прерано згаснатиот живот на нашата најпозната поп-икона Тоше Проески се сеќава на трагичниот настан што се случи пред четири години во близина на Нова Градишка. Иако времето одминува, Тоше и натаму останува во сеќавањето на многубројните хрватски обожаватели, кои со солзи во очите се присетуваат на стравичната несреќа, а неговите песни сé уште се вртат по радиостаниците и не го изгубиле интересот кај слушателите.

Со низа активности во организација на македонската амбасада во Загреб и со поддршка од градот Нова Градишка, како и од фондацијата „Тоше Проески“, неколку дена, почнувајќи од вчера, ќе бидат во чест на незаборавниот Тоше. Маратонците традиционално го почнува маратонот пред спомен-обележјето што лани беше поставено кај стадионот, од каде што беа пренесени посмртните останки на Тоше во Македонија, во родното Крушево. Планирана е и богослужба, која ќе биде изведена во црквата „Св. Терезија“ во Градишка, од страна на македонскиот свештеник протереј Кирко Велински. В петок на спомен-обележјето за Тоше ќе биде положено свежо цвеќе, а за вечерта е закажан концерт на „Леб и сол“, Ламбе Алабаковски и хрватската група „Русвај“, а средствата собрани од овој музички настан ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Чествувањето ќе биде збогатено и со пријателски ракометен натпревар помеѓу ветераните од Нова Градишка и ракометната екипа од Република Македонија.

Во Хрватска Тоше има многу почитувачи, а неговите пријатели од светот на музиката со посебно чувство се сеќаваат на него. Нина Бадриќ, Тони Цетински, Аки Ракимовски, Мирослав Рус, се само дел од големите хрватски музички имиња со чија помош на јавноста и беше сервирано она што остана неотпеано од Тоше. Неговото посмртно цеде, со што на некој начин го заокружија тоа што Тоше го направи во неговиот прекраток живот.

Името на Мирослав Рус со Тоше се врзува за неговиот голем хит „Игри без граници“, кој го напиша токму врвниот хрватски композитор, по што и албумот што го објави загрепската дискографска куќа „Хит рекордс“, каде што тој е косопственик, беше така насловен. Тоа е албумот што ги рушеше сите рекорди низ просторите на бивша Југославија. Оваа песна Рус вели дека е инспирирана од неговиот живот, во кој често не тече мед и млеко, впрочем како и преостанатите негови песни.

- Кога Тоше ја слушна песната, се радуваше како мало дете. Тој знаеше и за тага и за радост - вели Рус.

И легендарниот водач на „Парни валјак“, Аки Ракимовски, кој зад себе има три и полдецениска музичка кариера, со особено задоволство ја прифатил улогата што ја имал во проектот „Тоше и пријателите“. Тој вели дека Тоше го сакал како син и дека за него го врзуваат многу спомени.

Македонскиот амбасадор во Хрватска, Данчо Марковски, вели дека Тоше беше голем промотор на Македонија, македонскиот јазик и музика. Затоа со должна почит и ја реализирале идејата за поставувањето на спомен-обележјето за Тоше минатата година, кое на некој начин стана место за дружење на младите што го обожаваа Тоше.
Back to top Go down
http://tosefanradio.forums.fm
 
Тоше сé уште идол во Хрватска
View previous topic View next topic Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Toše Proeski Radio & TV :: News Flash/Vijesti-
Jump to: