Tose Fan Radio Admin


Posts : 439 Join date : 2010-08-17
 | Subject: Емотивен спот во чест на Тоше Проески од фановите во Црна Гора Thu Oct 06, 2011 4:58 am | |
| Видео поздрав и поддршка за македонските фанови на Тоше Проески во форма на видео запис, беше емитуван вечерва на градскиот плоштад за време на традиционалната манифестација „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“. Емотивниот спот кој може да го погледнете во продолжение е изработен од три девојки кои се големи обожаватели на ликот и делото на Тоше. „Тоше те сакаме, зашто Македонија сега е наш втор дом. Те сакаме, зашто не научи да се радуваме и да ја делиме среќата со другите. Не научи да бидеме подобри, да помогнеме кога треба а да не бараме ништо за возврат. Те сакаме зашто не научи да веруваме, да сонуваме и да се надеваме.“ Овие се зборовите кои Драгана Дробњак, Билјана Јовановиќ и Билјана Башовиќ од Црна Гора ги упатуваат како порака и со кои и` оддаваат почит на нашата најголема музичка ѕвезда. Видео записот го направиле како дел од Интернационалниот фан клуб на Проески a пораката ја испраќаат во име на сите фанови од Црна Гора. |
|