Toše Proeski Radio & TV

RADIO WITH LOVE WITHOUT BORDERS! - IN MEMORY OF TOSE PROESKI! DOBRODOSLI NA LIVE CHAT ,RADIO & TV POSVECEN TOSI PROESKOM. INFO NA http:tosefanradio.forums.fm * contact us : tosefanradio@yahoo.com
 
HomeCalendarFAQRegisterLog in
Visit *** https://www.facebook.com/tosefanradio / *** IN MEMORIAM TOSE FAN .RADIO & TV ***
FACEBOOK > JOIN US <
December 2016
MonTueWedThuFriSatSun
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031 
CalendarCalendar
KONTAKT
tosefanforum@yahoo.com skype : tosefanradio
Most Viewed Topics
Невкусна шега на сметка на Тоше Проески!
Зоран Божиновски: Тоше Проески е жив
Тоше има двојник во Србија
TOŠE PROESKI NEVIĐENO
Zoran Božinovski tvrdi - VATIKAN SKLONIO TOŠETA!
Смртта на Тоше неслучајна и искористена за политички потреби во Македонија!?
Memorial House Todor Proeski
Вистината за Тоше: Интервју со Божиновски
"Toše Proeski, žrtva kriminalnih klanova. . ."
Зошто пропаѓа гробот на Тоше Проески?
Most active topics
Sve što bi željeli reći Toši / o Toši i slično
PORUKE U GLAZBI - Toše Proeski - Igra bez granica
Смртта на Тоше неслучајна и искористена за политички потреби во Македонија!?
Tony prijatelju Toši posvetio ukradenu pjesmu??
DIONICA SMRTI
Туарегот на Тоше ставен под преса за гмечење (19.01.2008)
VOZAČ I PRIJATELJ TOŠE PROESKOG PRAVOMOĆNO U MAKEDONIJI OSUĐEN NA DVIJE GODINE ZATVORA
Teorija zavjere: Izmislili su da su Tošu Proeskog ubili
Dokumentacija
Za smrt Toše Proeskog kriva nepažnja vozača
Statistics
We have 114 registered users
The newest registered user is amanda202

Our users have posted a total of 423 messages in 372 subjects
Social bookmarking
Social bookmarking Digg  Social bookmarking Delicious  Social bookmarking Reddit  Social bookmarking Stumbleupon  Social bookmarking Slashdot  Social bookmarking Furl  Social bookmarking Yahoo  Social bookmarking Google  Social bookmarking Blinklist  Social bookmarking Blogmarks  Social bookmarking Technorati  

Bookmark and share the address of Tose Fan Radio on your social bookmarking website

Bookmark and share the address of Toše Proeski Radio & TV on your social bookmarking website

Share | 
 

 Џингис пее без глас и слуша со срцето

View previous topic View next topic Go down 
AuthorMessage
Tose Fan Radio
Admin
Admin


Posts : 439
Join date : 2010-08-17

PostSubject: Џингис пее без глас и слуша со срцето   Wed Feb 27, 2013 2:41 am



Ова глуво момче ги пее песните на Тоше Проески на свој начин, иако не ги слушнал, туку само ги почувствувал. Тој и многу други деца со оштетен слух се соочуваат со проблем во школувањето поради отсуство на стандардизиран знаковен јазик

Џингис е ученик со средното специјално училиште за глуви и наглуви деца. Тој има посебна дарба - ја чувствува музиката на телото и умее да пее со раце. Додека во собата ечат омилените песни на ова момче со насмевка од милион долари, тоа без глас, но во занес пее, мавтајќи со рацете. Вели дека кога музиката е гласна, од ритамот му потскокнува срцето и нешто му се движи под кожата. За него велат дека е посебен, надарен.

Сместен е во интернатот на училиштето. Вели, не може да поверува на сопствената среќа.

Сам е, иако има многубројно семејство во Прилеп - седум браќа и сестри и родители, кои живеат од социјална помош. Kако последица од повреда, кога бил многу мал, 100 отсто оглувел на десното уво. На левото слуша многу малку. Сепак, вели дека е многу среќен и дека кога чекори по улица не се чувствува осамено иако не ги слуша чекорите на другите. Никогаш не ги слушнал песните на Тоше Проески, но ги почувствувал, па кога оди си ги потпевнува во себе.

Секоја песна на Тоше ја оживува со разни движења, го милува воздухот околу себе и раскажува со насмевка на лицето и со разиграни раце дека некаде постои првата платонска љубов, чиста како солза.

Застанат пред музичкиот систем тој ги пее рефрените на „Молика“ и тропка со прстите иако не ги слуша. Ги затвора очите и шепоти со неартикулиран глас „Темно е, тајно моја, но во душа светат фенери, с` што имав заложив да ти пеам под пенџери“.

Тој на 6 март ќе настапи на првиот Бал на различности, кој ќе се одржи во Македонската опера и балет.

- Не гледај со очите, погледни со срцето. Јас луѓето не ги слушам како зборуваат, но им ги гледам лицата. И сум заклучил дека многу луѓе се насмеани, но само малку од нив се навистина добри. Глув сум, но не сум различен од другите. Сакам да се школувам на Факултетот за дефектологија, а потоа с` ќе тргне по својот пат. Сакам да покажам дека сум обично момче. Се разбира, малку повеќе сакам да пеам - вели Џингис.

Но, тој, како и многу други деца со вакво оштетување, најверојатно ќе се соочи со голем проблем - непостоење стандардизиран знаковен јазик во Македонија. А тоа е единствениот начин за тој непречено да ја следи наставата на факултет. Пред него само една глувонема девојка успеала да дипломира.

Во нивниот свет постои еден речник, составен од Сојузот на глуви, кој с` уште не е кодифициран за нашата земја, ниту објавен во книга. Блаже Митев, директор во специјалното училиште „Партение Зоографски“, вели дека се гордее со своите ученици, кои заслужиле да им се возврати со сериозна книга.

- Им треба речник кој ќе биде стандард во нивното образование. Тоа се деца како и сите други, само што е потребно повеќе внимание додека разговарате со нив. Знаковниот јазик кај нас, за жал, с` уште нема добиено стандардизација, која е многу важна. Со помош на тој речник глувите деца ќе можат да си кажат повеќе. Тие и сега зборуваат, знаковниот јазик постои, но се пренесува од колено на колено. Речникот што го составил Сојузот на глуви не е доволен - вели Митев.

Знаковниот јазик е состав на визуелни сигнали кои со помош на посебна положба - облик на дланката, положба и насока на држење на раката, создаваат концепт, односно смисла на збор. Знаковниот јазик не се изведува само со раце, туку и со држење на телото и на главата, а и со изразот на лицето, што дава интонација.

Овој јазик најчесто се користи во семејства во кои има двајца или повеќе глуви, во заедниците на глуви и во училиштата за деца со оштетувања на слухот.

- Знаковниот јазик не е универзален како што мислат многумина. Постојат британски и американски знаковни јазици. Но секоја земја си има свој знаковен јазик, кој има своја граматика и се учи како секој друг странски јазик. Знаковниот јазик има рачна абецеда, граматика и синтакса, која се развива независно во говорниот јазик. Kога би се стандардизирал, би можел и да се збогатува со нови движења – вели Митев.

- Според Блаже Kоневски, македонскиот стандарден јазик има околу 64.522 збора, а во речникот за глуви имало само 1.447 знаци, што е вистински хендикеп за глувите лица - велат дефектолозите.

Постои и меѓународен знаковен јазик, гестуно, кој се зборува или се користи на меѓународни средби на глувите во светот.

_________________
PRIDRUZITE NAM SE NA FACEBOOKU

Back to top Go down
http://tosefanradio.forums.fm
 
Џингис пее без глас и слуша со срцето
View previous topic View next topic Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Toše Proeski Radio & TV :: News Flash/Vijesti :: Everything related / Povezano ...-
Jump to: