Toše Proeski Radio & TV

RADIO WITH LOVE WITHOUT BORDERS! - IN MEMORY OF TOSE PROESKI! DOBRODOSLI NA LIVE CHAT ,RADIO & TV POSVECEN TOSI PROESKOM. INFO NA http:tosefanradio.forums.fm * contact us : tosefanradio@yahoo.com
 
HomeCalendarFAQRegisterLog in
Visit *** https://www.facebook.com/tosefanradio / *** IN MEMORIAM TOSE FAN .RADIO & TV ***
FACEBOOK > JOIN US <
December 2016
MonTueWedThuFriSatSun
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031 
CalendarCalendar
KONTAKT
tosefanforum@yahoo.com skype : tosefanradio
Most Viewed Topics
Невкусна шега на сметка на Тоше Проески!
Зоран Божиновски: Тоше Проески е жив
Тоше има двојник во Србија
TOŠE PROESKI NEVIĐENO
Zoran Božinovski tvrdi - VATIKAN SKLONIO TOŠETA!
Смртта на Тоше неслучајна и искористена за политички потреби во Македонија!?
Memorial House Todor Proeski
Вистината за Тоше: Интервју со Божиновски
"Toše Proeski, žrtva kriminalnih klanova. . ."
Зошто пропаѓа гробот на Тоше Проески?
Most active topics
Sve što bi željeli reći Toši / o Toši i slično
PORUKE U GLAZBI - Toše Proeski - Igra bez granica
Смртта на Тоше неслучајна и искористена за политички потреби во Македонија!?
Tony prijatelju Toši posvetio ukradenu pjesmu??
DIONICA SMRTI
Туарегот на Тоше ставен под преса за гмечење (19.01.2008)
VOZAČ I PRIJATELJ TOŠE PROESKOG PRAVOMOĆNO U MAKEDONIJI OSUĐEN NA DVIJE GODINE ZATVORA
Teorija zavjere: Izmislili su da su Tošu Proeskog ubili
Dokumentacija
Za smrt Toše Proeskog kriva nepažnja vozača
Statistics
We have 114 registered users
The newest registered user is amanda202

Our users have posted a total of 423 messages in 372 subjects
Social bookmarking
Social bookmarking Digg  Social bookmarking Delicious  Social bookmarking Reddit  Social bookmarking Stumbleupon  Social bookmarking Slashdot  Social bookmarking Furl  Social bookmarking Yahoo  Social bookmarking Google  Social bookmarking Blinklist  Social bookmarking Blogmarks  Social bookmarking Technorati  

Bookmark and share the address of Tose Fan Radio on your social bookmarking website

Bookmark and share the address of Toše Proeski Radio & TV on your social bookmarking website

Share | 
 

 Тишина во домот на Тоше, во Гумење тажно!

View previous topic View next topic Go down 
AuthorMessage
Tose Fan Radio
Admin
Admin


Posts : 439
Join date : 2010-08-17

PostSubject: Тишина во домот на Тоше, во Гумење тажно!   Mon Oct 15, 2012 9:54 am



Информациите по медиумите од соседството и по некои од нашиве медиуми дека
вечното почивалиште на македонската икона, легендата Тоше пропаѓа наспроти
ветувањето на државата дека Спомен – домот и вечното почивалиште на Тоше на
славното Гумење ќе бидат обврски на државата не одведоа во Крушево. Пет години
потоа Спомен – домот го изградија, но не и гробот. Веста дека гробот почнал да пропаѓа и
дека Македонија не се грижи за балканската ѕвезда Тоше, со слики од неуредното вечно
почивалиште и со објаснување дека Владата решила да штеди токму на вакви работи,
наспроти изградба на споменици ја објавија речиси сите медиуми од соседството -
Србија,Бугарија, Хрватска, Словенија…. таму каде што Тоше беше како и кај нас
планетарно популарен. Ваквите написи вознемируваат и затоа се обидов преку јавен
повик да ги опоменам колегите на Тоше, македонските пејачи кои секогаш се колнеа во
него, и ако државата се “вади“, зошто не помогнат тие со еден концерт, а средствата да
бидат за гробот на Тоше?! Имав дилема дали е тоа достоинствено за таква мегаѕвезда, но
сепак решив и ги повикав. Многумина од нив директно или индиректно ми порачаа дека
не сум бил фер што ги прозивам, да не ги мешам и толку. До ден – денеска не мрднаа со
прст. Ми стана чудно зошто таков однос и дали е вистина дека државата дигнала раце и
не се грижи за Тоше, човекот во кој се крстеше, беше најдобриот амбасадор на државата
и ја носеше Македонија во срцето како сите нас. Во потрага по вистината едно саботно
утро заедно со колешката од „Дневник” Соња А. Неделковска на која Тоше ѝ беше семеен
пријател и по неговата смрт ја задржа блискоста со неговите најблиски, тргнавме по
вистината во Крушево. Соња за да разговара со сестра му Дора за книгата која ја
подготвува за Тоше, а јас со фотографот Бојан да ја дознаам вистината. Бев возбуден, иако
и кога Тоше беше жив многу пати бев со него таму, имав привилегија да го познавам и
Тоше, не од камерите, туку таков како што беше скромен и едноставен. Знаеше да се носи
со славата. Никогаш нема да го заборавам престојот на Хвар со Тоше и моето прво
телевизиско интервју направено токму со него. Ми беше супер, чинам и нему. Овојпат
кога влеговме во Крушево, иако не ми е првпат да одам на неговиот гроб бев и возбуден
и исполнет со гнев, но и уплашен дали навистина ќе затекнам таква слика како што читав
во странските медиуми, оти домашните молчеа. Прво, па нормално каде, ако не на гробот
на легендата. И шок! Сè било вистина – зелениот теписон пропаднат, газиш во дупки,
настрешницата искривена и сфаќаш дека тоа што не сакаш да го веруваш навистина било
така. Мечињата, цвекињата, тоа што секојдневно го носат неговите фанови го беа покриле
целиот гроб. Сретнавме двајца – тројца кои дошле да му оддадат почит, постоивме, се
поклонивме и тргнавме по вистината, каде ако не кај неговото семејство. Куќата на Тоше
во која живеат неговите родители е заштитен знак или поточно светилиште за Крушево




како што е и неговиот вечен дом. Знаеме дека со Соња која претходно се најавила кај
сестра му Дора вратата ќе ни биде отворена и ќе седиме во собите каде што Тоше
доаѓаше да се одмори од напорните турнеи и концерти. На влезот нè пречека неговото
куче златен ретривер педгодишниот Бас за кого се грижи татко му Никола. Одиме по
скалите на катотот. Татко му и мајка му се во приземјето, но тие од денот на смртта не
сакаат јавност, новинари и камери. Едноставно тагуваат и не сакаат јавност. Тоа нормално
го почитува и разбира секој од нас. На вратата на катот кој многу често е отворен за
фановите на Тоше тропнува Соња, ни отвара Дора. Нè поздравува и толку, не прима во
станот на Тоше во неговото родно Крушево и оди да нè послужи со слатко. Мене во
главата ми се вртат сликите и постерите од Тоше закачени на ѕидовите надвор на куќата,
по скалите. Соња ми кажува дека се тоа слики кои ги нацртале негови фанови и ги донеле.
Внатре во станот веќе знаете, времето тука стои како пред 5 години и така ќе биде вечно.
Поседовме малку, Дора молчи и според претходниот договор Соња ја оставаме да
разговара со неа за книгата што ја пишува за Тоше, а ние се упативме кон блиската
кафеана. Таму е Славе мажот на Дора. Тој по смртта на Тоше целосно се грижи за
семејството Проески. Не пречекува пријателски, знае што нè интересира, зошто државата
не си го исполнува ветувањето и зошто ако таа ескивира гробот не го направат тие?!
Чувствувам дека има гнев и огорченост кај него, но сепак одбира зборови за да ми ја
долови вистината за овој скандал.
Од него дознавам дека пред извесно време министерот Јанакиевски дошол кај татко
му на Тоше и разговарале. Дедо ми, вели Славе отворено го прашал министерот: „ Ќе го
правите ли вие, или јас да си го направам,повеќе не сакам да чекам?!” Министерот рекол
дека ќе се јави, но ниту се јави ниту се појави.
„Знаеш што нас не ни дошло до пари од државата, но тие ден по смртта го одликуваа,
правеа сè и водејќи се од мислата дека Тоше не е само наш туку и на Македонија не
знаеме што да правиме. Сакаме само да ни кажат дали остануваат на ветеното, или ние
да си го направиме, оти вака не е во ред, Тоше тоа не го заслужи”, вели Славе.
Пак избира зборови за да не покаже лутина и гнев само вели дека уште малку ќе чекаат
оти трпението им е при крај а и не сакаат гробот на кој секој ден одат мајка му и татко му
да го гледаат таков. Таа болка уште повеќе ги сотрува и затоа немаат веќе трпение. Го
прашувам зошто градоначалникот не реагира имајќи предвид дека е член на владеачката
партија и може да ги среди работите. Вели: „Не знам прашај го него.” Додека зборуваме
одеднаш Славе ми вели: „Еве го градоначалникот се качува во кола.”Не го ни дослушав,
станав и се стрчав кон него. Успеав да му кажам кој сум и зошто сум тука. Ми делуваше
затечено и за да ми побегне кусо ми рече: „Имам итна работа за половина час јави се и ќе
разговараме”. Остана на тоа, мобилниот го исклучи и беше недостапен. Да бидам искрен

не очекував таков потег од првиот човек на Крушево што го води градот, за иконата,
бидејќи преку Тоше го научија многу луѓе и од странство. Славе раскажува за Тоше,
за неговото детство, ангелскиот глас, работи кои ги знам, но сакам пак да ги слушам.
Чувствувам дека не сака повеќе да зборува за неправдата што државата ја прави кон
легендата, па со цела уста се фали за Тоше и разговорот го врти на убавите спомени што
им ги оставил Тоше. Со него е и син му Христијан, омилениот внук на Тоше, сега веќе
тинејџер кој сака сè да знае и да слушне за саканиот вујче. „Не знам – вели Славе- викаат
дека Христијан го наследил ангелскиот глас на вујко му, но во дилема сум дали треба да
оди по тие стапки. Знаеш Тоше додека стигна до врвот не го направи тоа на лесен начин. А
и тој живот на слава не е лесен. Мило ми е што го наследил неговиот глас но не знам дали
сакам и тој да проба да стане пејач. Впрочем Тоше беше единствен и магичен”, гордо ми
вели Славе. „Знаеш ли дека од влезот на Крушево до домот на Тоше има само десетина
минути со кола. А Тоше секое доаѓање, прашај ги крушевчани, тој пат го поминуваше за
повеќе од еден час. На секој чекор застануваше, се поздравуваше со крушевчани и мајка
му навикна дека откако ќе ѝ јави дека влегол во Крушево има уште еден саат за да ѝ дојде
дома нејзиниот Тошка”.
Во кафеаната доаѓаат и другари на Тоше, Славе само ме запознава со некои и сфаќам дека
нема човек од овој град кој не се гордее што тој им бил сограѓанин. Славе ми раскажува
многу работи поврзани за Тоше, но сфаќам дека го губи трпението и е сè поблиску до
одлуката гробот да го направат тие да не чекаат на ветувањето на државата. Ми кажува
и дека било веќе договорено Тоше да сними дует со мегаѕвездата Бијонсе, со славниот
оперски пејач Павароти а имал договор и за настап со популарната група „КВИН”. Вели: „
Ги имаме само договорите за тие проекти. Ете останаа неостварени,Тоше си замина”.
Го слушам Славе, а во главата ми се врти насмеаниот Тоше, момчето со ангелски глас
и детска душа, свесен дека е славен, а толку скромен и едноставен. Славе зборува, а
јас како да ја слушам песната на Тоше, „Игри без граници“. Да таков беше животот на
Тоше, како игра од приказните, но за жал со тажен крај. Замина премлад. Ако се поигра
судбината со него. Треба ли сега и државата? Се враќа Соња од разговорот со Дора.
Молчалива е, љубоморно ќути и не кажува што ѝ раскажала сестра му за нејзиниот брат
Тоше. Ја разбирам, ветила дека тоа е за книгата што наскоро ќе ја објави во која имам
привилегија и јас да ги споделам моментите поминати со Тоше. Се поздравуваме со
Славе, влегуваме во кола и тргнуваме. Излегуваме од Крушево, а јас намерно ја пуштам
песната на Тоше. Една ледина небесно висока, едно село, вечно паѓање, пораз. Требаше
ли и по смртта така – Игри без граници.

Од Крушево

Зоран Василевски

_________________
PRIDRUZITE NAM SE NA FACEBOOKU

Back to top Go down
http://tosefanradio.forums.fm
 
Тишина во домот на Тоше, во Гумење тажно!
View previous topic View next topic Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Toše Proeski Radio & TV :: News Flash/Vijesti-
Jump to: