Не само во Србија, туку и на целиот Балкан заслужено ја носи титулата крал на ноќните свирки. Саша Матиќ многу често со настапи и концерти е во Македонија. Во неколку наврати има кажано дека Македонците се најмузикалните луѓе во светот и ужива кога е тука.S(41hz1b451xiwinqlnuxworu5))/getImageThumbnail.axd?imgPath=upload/200212sasamatic.jpg&imgSize=600&cropH=400)
Со текот на времето и неговите чести посети на Скопје стекнал и многу пријатели. Овој пат во ова интервју за Екстра Ексклузив зборува за неговите блиски луѓе во нашата земја.
- Јас се дружам со сопствениците на ресторан Балканика, Дуле и Коки,они се ваши познати естрадни уметници и мои другари. Се дружам и со Драган и Мартин Вучиќ. Ја познавам и Каролина Гочева. Неа ја сметам за еден од најдобрите вокали во Македонија, ни изјави Матиќ.
Ретко кој знае дека Тоше бил еден од поблиските пријатели на Матиќ и неговата смрт се случила во момент кога требале да почнат заедничка соработка.
- Мој голем пријател беше покојниот Тоше Проески. Неговата смрт е голема загуба за целиот Балкан и за целиот свет, а најмногу за Македонија. Јас бев во Австралија кога се случи сето тоа. Тој дојде во Австралија седум дена пред мене, дури имавме во план и заедничка турнеја, додаде Матиќ.
Освен турнеја, Саша ни призна дека планирале и заеднички дует.
- Се тоа беше во план, но за жал судбината одреди тоа да не се случи.
Ова лето има во план, освен што тука доаѓа на настапи, дел од времето да го искористи и со своите пријатели. Меѓу другото сака да го посети Крушево и оние места за кои имал можност да слушне лично од Тоше и неговите пријатели од Македонија.
Ване Маркоски
_________________
PRIDRUZITE NAM SE NA FACEBOOKU 