Tose Fan Radio Admin


Posts: 338 Join date: 2010-08-17
 | Subject: Тоше заслужува место во Сараево Fri Feb 03, 2012 5:32 pm | |
| На страницата „Петиције24“ , босанските фанови апелираат до сите обожувачи на ликот и делото на Тоше Проески да се потпишат и да застанат зад нивната идеја, во Сараево да се изгради место каде што неговите фанови можат да се собираат и да го слават.  „На сите фанови на нашиот ангел Тоше Проески им е добро познато колку труд тој вложи во обновување на „Домот на Младите во Сараево“. Сите средства од продажбата на влезници од концерти, продажбата на ДВД се донирани за овој дом. Не само во Сараево, туку и во Зеница и во други градови во Босна. Дела со коишто луѓето од Босна докажуваат дека го сакаат Тоше и дека се хумани.“ - се вели во петицијата. Фановите на Тоше во Скопје и Крушево, секако, но и во Белград и во други градови во Хрватска и Словенија имаат место на коешто можат да се собираат, за разлика од неговите фанови во Сараево. Порано, пред влезот на „Домот на Младите“, постоело некое местенце на коешто се собирале, но денес на тоа место има галерија и фановите немаат каде да се собираат и заедно да ги слушаат песните од Тоше. Ако и вие мислите дека фановите на Тоше во Босна треба да добијат посебно место кадешто ќе можат да се собираат, тогаш потпишете ја петицијата. Фановите на Тоше од Босна однапред Ви се благодарни. Браво Сараевчани. _________________ PRIDRUZITE NAM SE NA FACEBOOKU  |
|