Toše Proeski Radio & TV

RADIO WITH LOVE WITHOUT BORDERS! - IN MEMORY OF TOSE PROESKI! DOBRODOSLI NA LIVE CHAT ,RADIO & TV POSVECEN TOSI PROESKOM. INFO NA http:tosefanradio.forums.fm * contact us : tosefanradio@yahoo.com
 
HomeCalendarFAQRegisterLog in
Visit *** https://www.facebook.com/tosefanradio / *** IN MEMORIAM TOSE FAN .RADIO & TV ***
FACEBOOK > JOIN US <
December 2016
MonTueWedThuFriSatSun
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031 
CalendarCalendar
KONTAKT
tosefanforum@yahoo.com skype : tosefanradio
Most Viewed Topics
Невкусна шега на сметка на Тоше Проески!
Зоран Божиновски: Тоше Проески е жив
Тоше има двојник во Србија
TOŠE PROESKI NEVIĐENO
Zoran Božinovski tvrdi - VATIKAN SKLONIO TOŠETA!
Смртта на Тоше неслучајна и искористена за политички потреби во Македонија!?
Memorial House Todor Proeski
Вистината за Тоше: Интервју со Божиновски
"Toše Proeski, žrtva kriminalnih klanova. . ."
Зошто пропаѓа гробот на Тоше Проески?
Most active topics
Sve što bi željeli reći Toši / o Toši i slično
PORUKE U GLAZBI - Toše Proeski - Igra bez granica
Смртта на Тоше неслучајна и искористена за политички потреби во Македонија!?
Tony prijatelju Toši posvetio ukradenu pjesmu??
DIONICA SMRTI
Туарегот на Тоше ставен под преса за гмечење (19.01.2008)
VOZAČ I PRIJATELJ TOŠE PROESKOG PRAVOMOĆNO U MAKEDONIJI OSUĐEN NA DVIJE GODINE ZATVORA
Teorija zavjere: Izmislili su da su Tošu Proeskog ubili
Dokumentacija
Za smrt Toše Proeskog kriva nepažnja vozača
Statistics
We have 114 registered users
The newest registered user is amanda202

Our users have posted a total of 423 messages in 372 subjects
Social bookmarking
Social bookmarking Digg  Social bookmarking Delicious  Social bookmarking Reddit  Social bookmarking Stumbleupon  Social bookmarking Slashdot  Social bookmarking Furl  Social bookmarking Yahoo  Social bookmarking Google  Social bookmarking Blinklist  Social bookmarking Blogmarks  Social bookmarking Technorati  

Bookmark and share the address of Tose Fan Radio on your social bookmarking website

Bookmark and share the address of Toše Proeski Radio & TV on your social bookmarking website

Share | 
 

 ТОШЕ, ЧЕСТ МИ БЕШЕ!

View previous topic View next topic Go down 
AuthorMessage
Tose Fan Radio
Admin
Admin


Posts : 439
Join date : 2010-08-17

PostSubject: ТОШЕ, ЧЕСТ МИ БЕШЕ!   Fri Feb 03, 2012 3:12 am

ТОШЕ, ЧЕСТ МИ БЕШЕ!


Примив награда од небото што имав чест еден период лично да соработувам со исклучителниот, вонсерискиот, од Бога надарениот Тоше Проески. Чинам, тоа беше неговиот прв или втор албум.

Во соработка со композиторот Кире Костов ми беше дадено да напишам два текста. Тоа беа композициите „Илузија“ и „Казна моја си“. Подоцна, соработката ја продолживме уште и со композицијата „Синоока, босонога“ за евровизискиот избор. Јасно се сеќавам на денот на снимањето на првите две композиции. Бевме неколкумина во студиото, а јас бев сведок со колку срце, љубов, жар, максимално тој се дава себеси и својот раскошен талент. Се` беше готово за неколку часа, што не е необично ако се знае за каков маестрален вокал станува збор, надополнет со многу душа, сензибилитет, емоции. Името на мојата втора композиција ја насловив „Казна моја си“. Не знам од каде и зошто, едноставно зборовите претходниот ден извираа спонтано, а содржината беше невообичаена - говори за љубовта и смртта. Во паузата на снимањето Тоше ми пријде скромно и со респект, како што само тој умееше. Ме праша: „Од каде ви дојде идејата за еден таков тажен текст? Не знам дали често ќе можам да ја пеам на концертите... ме растажи...“ Подоцна, бараше сугестија, прифаќаше сугестија, меѓу другото, како да го отпее делот од рефренот во кој се спомнуваат и зборовите „...о, колку боли...“, за веднаш потоа да ми дофрли низ насмевка: „Иако сум млад, знам како боли“. По снимањето зборувавме долго за љубовта во светот, но, тоа нека остане во моето сеќавање.



А сега останувам нема, чувствувам дека е непотребно да се кажуваат големи зборови од страв да не прозвучат конвенционално, излитено, формално. Неговата маркантна појава, како уметник и човек, говори сама за себе.

Но, покрај солзите што се насушна човечка потреба, да не заборавиме - нему сега му е најпотребна молитва..., молитва..., за да му биде полесен патот полн со пречки што треба да го мине до светлината, до небото, до просторот што веќе не е илузија, туку што пребива во Љубов. За да им се придружи таму, на бесконечниот хор што го сочинуваат ангелите и архангелите и кои со волшебен глас пеат и извикуваат вака: „Свет, свет, свет си Боже...“

Посветено нему, од Мина...

Ви благодараиме Mina Danilovska за укажаната чест и прекрасниот текст!!!


_________________
PRIDRUZITE NAM SE NA FACEBOOKU

Back to top Go down
http://tosefanradio.forums.fm
 
ТОШЕ, ЧЕСТ МИ БЕШЕ!
View previous topic View next topic Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Toše Proeski Radio & TV :: News Flash/Vijesti :: Everything related / Povezano ...-
Jump to: