Toše Proeski Radio & TV

RADIO WITH LOVE WITHOUT BORDERS! - IN MEMORY OF TOSE PROESKI! DOBRODOSLI NA LIVE CHAT ,RADIO & TV POSVECEN TOSI PROESKOM. INFO NA http:tosefanradio.forums.fm * contact us : tosefanradio@yahoo.com
 
HomeCalendarFAQRegisterLog in
Visit *** https://www.facebook.com/tosefanradio / *** IN MEMORIAM TOSE FAN .RADIO & TV ***
FACEBOOK > JOIN US <
December 2016
MonTueWedThuFriSatSun
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031 
CalendarCalendar
KONTAKT
tosefanforum@yahoo.com skype : tosefanradio
Most Viewed Topics
Невкусна шега на сметка на Тоше Проески!
Зоран Божиновски: Тоше Проески е жив
Тоше има двојник во Србија
TOŠE PROESKI NEVIĐENO
Zoran Božinovski tvrdi - VATIKAN SKLONIO TOŠETA!
Смртта на Тоше неслучајна и искористена за политички потреби во Македонија!?
Memorial House Todor Proeski
Вистината за Тоше: Интервју со Божиновски
"Toše Proeski, žrtva kriminalnih klanova. . ."
Зошто пропаѓа гробот на Тоше Проески?
Most active topics
Sve što bi željeli reći Toši / o Toši i slično
PORUKE U GLAZBI - Toše Proeski - Igra bez granica
Смртта на Тоше неслучајна и искористена за политички потреби во Македонија!?
Tony prijatelju Toši posvetio ukradenu pjesmu??
DIONICA SMRTI
Туарегот на Тоше ставен под преса за гмечење (19.01.2008)
VOZAČ I PRIJATELJ TOŠE PROESKOG PRAVOMOĆNO U MAKEDONIJI OSUĐEN NA DVIJE GODINE ZATVORA
Teorija zavjere: Izmislili su da su Tošu Proeskog ubili
Dokumentacija
Za smrt Toše Proeskog kriva nepažnja vozača
Statistics
We have 114 registered users
The newest registered user is amanda202

Our users have posted a total of 423 messages in 372 subjects
Social bookmarking
Social bookmarking Digg  Social bookmarking Delicious  Social bookmarking Reddit  Social bookmarking Stumbleupon  Social bookmarking Slashdot  Social bookmarking Furl  Social bookmarking Yahoo  Social bookmarking Google  Social bookmarking Blinklist  Social bookmarking Blogmarks  Social bookmarking Technorati  

Bookmark and share the address of Tose Fan Radio on your social bookmarking website

Bookmark and share the address of Toše Proeski Radio & TV on your social bookmarking website

Share | 
 

 Дејан Секуловски : Одиме по стапките на Тоше

View previous topic View next topic Go down 
AuthorMessage
Tose Fan Radio
Admin
Admin


Posts : 439
Join date : 2010-08-17

PostSubject: Дејан Секуловски : Одиме по стапките на Тоше   Sat Jan 07, 2012 6:11 am



Дејан Секуловски, архитект, еден од проектантите на Спомен-куќата на гумење

Тимот архитекти Дејан Секуловски, Дејан Спасеновски и Илија Божиновски, познат како „Синдикат студио“, има успешна година зад себе. Авторите на Спомен-куќата на Тоше Проески на Гумење во Крушево за ова решение во два месеца добија две награди

Каков предизвик беше Светскиот фестивал на архитектурата во Барселона?

- Ако се земе предвид фактот кои сé архитекти се имаат пријавено на фестивалот во изминативе години, тогаш слободно може да се каже дека ова е најголем фестивал на светот. Три-четворица од досега пријавените имаат добиено Прицкерова награда, која е Нобел за архитектура. Некои од пријавените имаат по пет-шест проекти, па така само да влезеш во конкуренција е научна фантастика. Годинава имаше 700 труда, а беа пријавени околу 1.000. Голема конкуренција. Беа поделени по категории. Ние бевме во категорија за култура. Во соработка со организацијата „Опен билдингс“, организаторите на фестивалот годинава ја востановија оваа награда, каде што публиката од цел свет го избира најдобриот објект. Другите награди ги доделува комисија. Се гласаше месец и пол. За да биде пореална наградата, се презентираше и пред комисијата. Меѓу трите проекти што имаа најмногу гласови влегоа и Музејот на сеќавањата и толеранцијата од Мексико и идеен концепт за домување во Индија.

Очекувавте ли дека ќе влезете во потесната конкуренција?

- Во почетокот не, со оглед на тоа каква беше ситуацијата со гласовите. По 10 илјади гласа стигнуваа од Индија и од Мексико. Во почетокот едвај имавме 100, па 200, па 300 гласа.. Ама откако дојде соопштението од фестивалот дека ги следат сите гласови и дека не е дозволено од едно место да се гласа повеќе пати, се оправија работите. Во почетокот немавме никаква надеж, ама како што течеше времето, состојбата се менуваше. Во моментот кога комисијата рече - оставете нé сега да се договориме, помислив дека може и да не победиме. Се сопнав при качување на бината. Не знаеме од кои земји се гласовите. Ни кажаа при доделувањето дека се изненадени од одзивот и дека имало над 100 илјади гласа од целиот свет. Од тие 100 илјади, 15 илјади гласа беа за нас.

Како ја примивте домашната награда?

- Ја очекувавме наградата за најуспешно реализирано архитектонско дело во Македонија. Тоа е најголемо признание што можеш да го добиеш кај нас, пред сé зашто жирито го сочинуваат еминентни архитекти, што значи дека е доделена од најкомпетентните од нашата фела. Паричната награда планираме да ја донираме во некој дом за деца без родители, токму онака како што правеше Тоше. Одиме по неговите стапки.

Што е главен адут на објектот?

- Местоположбата на Спомен-куќата можеби беше една од најпозитивните страни. Тоа ни беше најбитно и тоа го препознаа и луѓето во Барселона - дека неверојатно добро се вклопува во околината. И ние на презентацијата им го покажавме амбиентот - со слики од Крушево, од Македониумот... Не бива да направиш не знам каков објект покрај дело какво што е Македониумот.

Се смени ли нешто по Барселона? По наградата на Асоцијацијата за архитекти?

- По отворањето на музејот имаше многу убави коментари. Во смисла на тоа дека е многу едноставен објектот, дека е доловен Тоше како човек, дека смирува и дека не е претенциозно направен. Кога ќе влезеле внатре, се чувствувале мирно, смирено, сталожено, импресионирано. Пред фестивалот музејот имаше 100 илјади посетители, сега не знам. Можеби и наградите ќе ја зголемат посетеноста.

Автор: Биљана Стојановска


_________________
PRIDRUZITE NAM SE NA FACEBOOKU

Back to top Go down
http://tosefanradio.forums.fm
 
Дејан Секуловски : Одиме по стапките на Тоше
View previous topic View next topic Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Toše Proeski Radio & TV :: News Flash/Vijesti :: Everything related / Povezano ...-
Jump to: