Toše Proeski Radio & TV

RADIO WITH LOVE WITHOUT BORDERS! - IN MEMORY OF TOSE PROESKI! DOBRODOSLI NA LIVE CHAT ,RADIO & TV POSVECEN TOSI PROESKOM. INFO NA http:tosefanradio.forums.fm * contact us : tosefanradio@yahoo.com
 
HomeCalendarFAQRegisterLog in
Visit *** https://www.facebook.com/tosefanradio / *** IN MEMORIAM TOSE FAN .RADIO & TV ***
FACEBOOK > JOIN US <
December 2016
MonTueWedThuFriSatSun
   1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031 
CalendarCalendar
KONTAKT
tosefanforum@yahoo.com skype : tosefanradio
Most Viewed Topics
Невкусна шега на сметка на Тоше Проески!
Зоран Божиновски: Тоше Проески е жив
Тоше има двојник во Србија
TOŠE PROESKI NEVIĐENO
Zoran Božinovski tvrdi - VATIKAN SKLONIO TOŠETA!
Смртта на Тоше неслучајна и искористена за политички потреби во Македонија!?
Memorial House Todor Proeski
Вистината за Тоше: Интервју со Божиновски
"Toše Proeski, žrtva kriminalnih klanova. . ."
Зошто пропаѓа гробот на Тоше Проески?
Most active topics
Sve što bi željeli reći Toši / o Toši i slično
PORUKE U GLAZBI - Toše Proeski - Igra bez granica
Смртта на Тоше неслучајна и искористена за политички потреби во Македонија!?
Tony prijatelju Toši posvetio ukradenu pjesmu??
DIONICA SMRTI
Туарегот на Тоше ставен под преса за гмечење (19.01.2008)
VOZAČ I PRIJATELJ TOŠE PROESKOG PRAVOMOĆNO U MAKEDONIJI OSUĐEN NA DVIJE GODINE ZATVORA
Teorija zavjere: Izmislili su da su Tošu Proeskog ubili
Dokumentacija
Za smrt Toše Proeskog kriva nepažnja vozača
Statistics
We have 114 registered users
The newest registered user is amanda202

Our users have posted a total of 423 messages in 372 subjects
Social bookmarking
Social bookmarking Digg  Social bookmarking Delicious  Social bookmarking Reddit  Social bookmarking Stumbleupon  Social bookmarking Slashdot  Social bookmarking Furl  Social bookmarking Yahoo  Social bookmarking Google  Social bookmarking Blinklist  Social bookmarking Blogmarks  Social bookmarking Technorati  

Bookmark and share the address of Tose Fan Radio on your social bookmarking website

Bookmark and share the address of Toše Proeski Radio & TV on your social bookmarking website

Share | 
 

 Спомен куќата на Тоше, добитник на годишната награда за архитектонско дело

View previous topic View next topic Go down 
AuthorMessage
Tose Fan Radio
Admin
Admin


Posts : 439
Join date : 2010-08-17

PostSubject: Спомен куќата на Тоше, добитник на годишната награда за архитектонско дело   Fri Dec 23, 2011 11:47 pm


Авторите на проектот, архитектите Дејан Секуловски, Дејан Спасеновски и Илија Божиновски парите од наградата ќе ги донираат во некој од детските домови

Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево е добитник на големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2011 година. Повелбата за наградата на авторите на проектот Дејан Секуловски, Дејан Спасеновски и Илија Божиновски им ја врачи претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, кој е и покровител на манифестацијата која секоја година се одржува во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

Петчлената комисија составена од еминентни архитектонски имиња го одбра проектот Спомен куќа на Гумење во Крушево меѓу трите апликации, како дело кое се издвојува по својата основна идеја, но и по нејзината архитектонска реализација. Ова е втора голема награда за тимот архитекти од "Синдикат студио". Пред неполни два месеца Спомен домот на Тоше беше прогласен за најдобар изведен објект на Светскиот фестивал на архитектурата во Барселона.

"Ова е голема чест за нас и потврда за вредноста на објектот. Навистина, добивме награда и на светско ниво, но, сепак, домашното признание има посебна убавина и сатисфакција, бидејќи се работи за најголемата награда што може да ја добие едно архитектонско решение. Задоволството е големо, особено што ја доделува еснафот, врвни архитектонски имиња", рече еден од авторите на делото, архитектот Дејан Секуловски при доделувањето на големото признание.

Својата прва парична награда архитектите Секуловски, Спасеновски и Божиновски ќе ја донираат во некој од детските домови во државава. Каде, дополнително ќе одлучат.

"Наградата ќе ја намениме за истата цел за која се залагаше Тоше. Сметаме дека на тој начин ќе ја продолжиме неговата хумана мисија", дополни Секуловски.

Спомен куќата на Тоше Проески е така проектирана и изведена што е иделано вклопена во непосредното опкружување со истористи споменици. Објектот како природно да изникнува од косиот терен, а неговата основна форма - крстот е видлив од сите страни. Инспирацијата за целокупниот проект, од комплетниот објект, па се' до дообликувањето на просторот била едноставна - Тоше.


Спомен-куќата на Тоше најприродно се вклопи со теренот, стрмнината на Гумење...

"Ја погодивте најбитната и појдовна точка која ни беше водилка при проектирањето на објектот. Една од најтешките задачи беше да се вклопи еден ваков објект на таа местоположба, опкружена со историски споменици во легендарното Крушево. Сакавме да биде вклопен во косиот терен, не сакајќи да му парира на 'Македониум'. Идејата ни беше објектот да изникнува од теренот, вклопувајќи се природно со столетните дрвја, при што и вториот важен симбол, кој е составен дел од идејата - крстот, ќе биде видлив од сите страни. Кога за тие два елемента го најдовме најсоодветното решение, останатото беше многу лесно. Инспирација за понатамошното дообликување на просторот, и надвор и внатре, можеше да се најде на секој чекор: сеедно дали се тоа лисјата аплицирани на фасадата што се земени од неговото последно цеде, неговата изјава 'Ве сакам сите' што ја поставивме во ентериерот на 100 различни јазици или се тоа неговите размислувања во врска со верата, љубовта, семејството, поставени во молитвеникот. Мислам дека и најубавиот комплимент што го добивме за нашиот труд беше и еден коментар од музеолог, кој гледајќи го просторот пред да се постави музејската поставка, кажа дека и без ниту еден предмет во витрините, Спомен-куќата со сите детали вградени во ентериерот доволно говори за Тоше".

Обврската и одговорноста е уште поголема со оглед на огромниот број обожаватели на Тоше . Токму затоа - што беше предизвик "Синдикат студио" да го прифати овој ангажман?

"Пред да се пријавиме на конкурсот за овој објект, како студио што постои од 1994 година, учествувавме на десетина слични конкурси, сакајќи да се натпреваруваме и да се презентираме пошироко во јавноста. Неколку месеци пред ова, со колегите се договоривме дека треба да се заврши тој период од нашето творење. Но, се објави расписот и ни ги измеша плановите. Кога им кажав на Дејан и Илија дека треба да работиме уште еден конкурс, ме потсетија дека токму јас бев најгласниот во одлукатa, но кога видоа за кого се работи, немаше двоумење. Предизвикот беше самиот Тоше. Обврската и одговорноста беше огромна не само кон неговите фанови, туку и кон целата јавност. Мислам дека резултатот на нашиот труд никого не остави рамнодушен или разочаран".
Back to top Go down
http://tosefanradio.forums.fm
 
Спомен куќата на Тоше, добитник на годишната награда за архитектонско дело
View previous topic View next topic Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Toše Proeski Radio & TV :: News Flash/Vijesti :: Everything related / Povezano ...-
Jump to: